Поранешната претседателска двојка на САД, Барак и Мишел Обама, решија на хумористичен начин да стават крај на постојаните шпекулации за проблеми во нивниот брак. Гостувајќи во нејзиниот поткаст, Барак се пошегува за шпекулациите за развод и низ смеа рече: „Ме прими назад!“
Во опуштената атмосфера на најновата епизода од поткастот IMO, кој Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, славната двојка се осврна на медиумските шпекулации дека нивниот децениски брак е во криза. За потсетување, шпекулациите се загреаја кога Мишел не се појави со својот сопруг на неколку важни јавни настани, вклучувајќи ја и инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
„Толку е убаво да ве видам двајцата во иста просторија“, почна водителот Робин. Мишел веднаш одговори: „Знам, бидејќи секогаш кога не сме заедно, луѓето мислат дека се разведуваме“.
Барак веднаш се вклучи смеејќи се: „Ете такви работи очигледно пропуштам“.
„Јас дури и не знам за тоа додека некој не ми го спомне. Потоа само го гледам и се прашувам за што, по ѓаволите, зборувате?“, продолжи поранешниот претседател.
Сепак, со посериозен тон Мишел ја нагласи силата на нивната врска: „Никогаш немаше момент во нашиот брак кога помислив да се откажам. Секако, имавме некои навистина тешки времиња, но имавме и многу забава и авантури. Станав подобра личност поради човекот со кој сум во брак“.
Ова не е првпат поранешната прва дама да се осврне на злонамерни озборувања. Во април таа ѝ кажа на актерката Софија Буш во друг поткаст дека многу луѓе веднаш ги протолкувале нејзините независни одлуки како знак на брачни проблеми.
„На луѓето им е несфатливо што донесувам одлука сама, па затоа веднаш мораа да претпостават дека мојот сопруг и јас се разведуваме“, објасни таа во тоа време./Извор:Makfax