Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти.

Министерството за здравство ја следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа, велат од МЗ.

Можеби ќе ве интересира

НОЌЕН ГРАБЕЖ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Турски државјанин ограбен под закана со остар предмет

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Следува пад на температурите, еве што нè очекува

ДЕСК

ДРАМА ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА ВО ШТИПСКО – 14-годишно дете тешко повредено при бегство, еден уапсен

ДЕСК