Aмериканскиот мултимилијардер Илон Маск се осврна на случајот со починатиот милијардер, педофилот Џефри Епштајн во објава на социјалната мрежа „Икс“.
„Воау, не можам да верувам дека Епштајн се самоубил пред да сфати дека сето тоа е измама“, напиша Маск.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги налути своите поддржувачи кога соопшти дека нема да објави никакви дополнителни досиеја за Епштајн, богат финансиер и осуден сексуален престапник кој почина под сомнителни околности во затвор во 2019 година.
Маск објави пред неколку недели дека името на Трамп се појавило во тие досиеја. Минатата недела, ФБИ информира дека списокот на клиенти на Епштајн не постои, неколку месеци откако главниот обвинител на Трамп, Пам Бонди, тврдеше дека копија од списокот се наоѓа на нејзината маса.
Со години, Трамп ги уверуваше своите поддржувачи дека ќе го објави познатиот „список на клиенти“ на Епштајн, кој наводно вклучува познати личности и политичари од висок профил.
Дополнително, ФБИ и Министерството за правда го отфрлија тврдењето дека Епштајн бил убиен во затвор, инсистирајќи дека неговата смрт била самоубиство.
Трамп, кој се појавува во најмалку едно видео старо неколку децении на забавата на Епштајн, ги негираше тврдењата дека неговото име е во досиејата. Тој исто така изјави дека немал директен контакт со Епштајн, односно дека не бил пријател со него најмалку 18 години пред неговата смрт./Извор:Makfax