Centar.mk
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска.

Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) го регистрираше земјотресот во близина на Сенд Поинт на островот Попоф кратко по 12:30 часот по локално време (22:30 часот во македонско).

Националната океанска и атмосферска управа издаде предупредување за цунами за брегот од најјужниот врв на копното на Алјаска кон Анкориџ.

Жителите во тие зони се повикуваат да се евакуираат во внатрешноста или на повисоки места или на горниот кат од повеќекатница, според Националната метеоролошка служба на САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано

C +

Трамп: По Иран ќе испратиме носач пред Куба, ќе се предадат

C +

Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

C +