Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал5 посочи дека се оствариле предупредувањата на неговата партија дека пензискиот фонд ќе се загрози поради линеарното зголемување на пензиите надвор од законот.

„Предупредувавме и дека линеарното зголемување на пензиите може да ја доведе во ризик стабилноста на пензискиот фонд. Владата не слушаше и сега нивните владини функционери велат пензискиот фонд е во ризик“ порача тој.

Според него, доколку Владата продолжеше со усогласувањето на пензиите, онака како што е предвидено, пензионерите ќе добиеле горе долу исто зголемување, а Фондот ќе функционирал нормално.

Да се следеше системот за раст на пензиите, што ќе изнесуваше отприлика исто како двапати линеарно зголемување, дефицитот во Фондот немаше да биде толку голем и немаше да биде Фондот во ризик, појасни Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза – Времето се менува

ДЕСК