9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции за купувачите на руски извоз.

Сепак, Рјабков нагласи дека Русија не прифаќа ултиматуми.

Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „многу добар разговор“ со Трамп и му се заблагодари за неговата „подготвеност да ја поддржи Украина и да продолжи соработката за да се запрат убиствата“.

Разговорот се одржа откако Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се ситнат часовите кога Трамп и Путин повторно ќе се видат очи во очи – Подготвени за состанокот на векот?

ДЕСК

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

C +

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

C +