Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и директно го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски дали, доколку добие американско оружје со долг дострел, би можела да ја таргетира Москва.

Весникот се повикува на луѓе запознаени со разговорот меѓу двајцата лидери на 4 јули. Трамп, според изворот, рекол дека „Русите треба да ја почувствуваат болката“, а потоа го прашал Зеленски: „Можете ли да ја погодите Москва? Можете ли да го погодите Санкт Петербург?“

На што, според истиот извор, Зеленски одговорил: „Апсолутно. Можеме ако ни го дадете оружјето“.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека овој наводен разговор претставува остар пресврт во претходната позиција на Трамп за војната во Украина и неговите предизборни ветувања за повлекување на САД од странски конфликти.

Во неодамнешното интервју за Ен-би-си, Трамп нагласи дека сака да ѝ испрати на Украина „одбранбено оружје“ што би ѝ помогнало да ги запре нападите врз украинските градови./Извор:Makfax