Centar.mk
РЕГИОН

Уште една интернет измама: Кликнала на линк и изгубила 750 евра

Педесет и едногодишна жена од Хрватска била измамена за повеќе од 750 евра кога непознат сторител, откако склучил договор за купување и продажба на артикл рекламиран на една од веб-страниците, ѝ испратил лажен линк во кој таа ги внела своите банкарски податоци и ги изгубила парите, пишуваат тамошните медиуми.

„Ги повикуваме граѓаните да не ги внесуваат податоците од својата банкарска картичка на сомнителни страници или апликации. Ги предупредуваме граѓаните да не наседнуваат на вакви и слични видови измами. Бидете сомничави и не депонирајте пари додека не сте сигурни во автентичноста на лицето со кое комуницирате“, соопштиле надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

ДЕСК