10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина собори 40 руски дронови, Русија возврати со 36 пресретнати над своја територија

На небото над Украина и над Русија се води сè поинтензивна беспилотна битка, Киев и Москва тврдат дека успешно ги неутрализирале најголемиот дел од ноќните напади.

Во текот на ноќта меѓу 12 и 13 јули, украинските сили за противвоздушна одбрана собориле 40 од вкупно 60 дронови со кои Русија извршила напад врз украински цели, соопштија Воздухопловните сили на Украина. Според агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а користени биле ирански дронови од типот „Шахед“ како и беспилотни летала-имитатори.

Целите биле главно во близина на линијата на фронтот – територии во Доњецката, Сумската и Дњепропетровската област, каде што во текот на последните денови се водат жестоки борби.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана информира дека и руската противвоздушна одбрана успешно неутрализирала 36 украински дронови над неколку региони во западниот дел на земјата. Според нивното соопштение, 26 беспилотни летала биле соборени над Белгородската област, четири над Воронежската, и по три дрона над Липецката и Нижегородската област.

Иако ниту една од страните не објави информации за евентуални жртви или материјална штета, интензитетот на воздушните напади укажува на ескалација на воените дејствија преку беспилотна технологија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Аналитичарите за сценариото за поделба: Русија го добива срцето на Украина, Западот ги таргетира Лавов и Закарпатија

C +

Израел првпат повика на евакуација на сите жители на Газа

C +

Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

C +