Centar.mk
СВЕТ

Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.

Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.

На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.

И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.

Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК

УНИВЕРЗИТЕТ ШТО ЈА НАПУШТИ УНГАРИЈА ПОРАДИ ОРБАН РАЗМИСЛУВА ЗА ВРАЌАЊЕ – Нов сигнал по политичките промени во Будимпешта

ДЕСК

ОН ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ТРАГЕДИЈА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ХОРМУЗ – 25 загинати морнари и 134 поморски инциденти

ДЕСК