Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во ноќни клубови

На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој, соопшти МВР.

При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК