Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, еден возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, двајца возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, еден возач кок управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, еден возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.