Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h), денес, а особено утре ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени).
Во петок ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.