Centar.mk
СВЕТ

Двајца загинати во серија земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серија земјотреси што ја погодија Гватемала, изјави утрово службено лице за цивилна заштита во централноамериканската земја.

Службено лице за управување со катастрофи изјави дека две лица загинале кога нивното возило било затрупано во свлечиште на пат југозападно од главниот град на Гватемала.

Земјотресите биле со јачина од 4,8 до 5,6 степени, на мала длабочина, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресите предизвикале материјална штета.

Земјотресите биле почувствувани и во соседниот Ел Салвадор.

Можеби ќе ве интересира

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин, пренесува „Фајненшел тајмс“

ДЕСК

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

ДЕСК

Влијателен републиканец за дебаклот: „Го изгубивме Тексас; без него, веќе не постоиме“

ДЕСК