Centar.mk
-БИЗНИС

ЖИВЕАЧКАТА СТАНУВА СЕ’ ПОСКАПА: Индексот на трошоците на живот оваа година “вивнал” за 4,5 проценти повеќе од лани

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0.8 %, информираат од Државниот Завод за Статистика.

Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2.9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %, Разновидни стоки и услуги за 0.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Ресторани и хотели за 0.5 %, Здравје за 0.3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0.2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година изнесува 101.1.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

Можеби ќе ве интересира

Од полноќ дизелот поскапува за 2, а бензините за 2,5 денари по литар

C +

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Туркије и натаму е една од најпосетените дестинации

ДЕСК

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +