Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа ароганција и негрижа за настраданите од трагедијата во Кочани

Зарем државата треба да дозволи само на донациите од граѓаните да се сведе целата поддршка на настраданите од Кочани, тоа е срам за власта, срам за владата, а тоа што денес го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е срам за Собранието, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тренчевска нагласи дека државата не одвојува средства, за настраданите и за нивните семејства – жртви во една од најголемите трагедии во државата.
“Семејствата секојдневно ги гледаме како протестираат низ улиците на Кочани. Имаме 62 млади животи згаснати и 200 млади коишто најголем дел се со траен инвалидитет, а во Буџетот има само 30 милиони денари за поддршка и помош на настраданите во Кочани, тоа го потврди самата министерка за финансии, а тоа се малку пари” рече Тренчевска.

Таа истакна дека не се работи само за обесштетување, се работи за континуирана здравствена заштита, за социјална заштита, за сето она, што особено на повредените, во овој момент најмногу им треба.

“Од тие причини го поднесовме амандманот, кој за жал не наиде на одобрување од мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН и многу ми е криво дека денес не сфатија дека граѓаните на Кочани, семејствата на настраданите заслужуваат поддршка од Владата и не го изгласаа амандманот”, нагласи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека СДСМ нема тука да застане во напорите за помош и поддршка на настраданите во Кочани, откако и Предлог-законот поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е блокиран во комисијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

“Не може власта со 30 милиони денари да ги поддржи семејствата и оние 200 млади луѓе од Кочани кои што се повредени за време на пожарот и кои што имаат итна потреба од финансиски средства, а материјалите и медицинскиот материјал во голем дел им го обезбедува невладината “Поддршка за Кочани” рече пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК