Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Бангладеш

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на амбасадорката на Народна Република Бангладеш, со седиште во Букурешт, Шахназ Гази.

Сиљановска-Давкова очекува проширување, јакнеење и продлабочување на меѓусебната соработка. Таа укажа на потребата од зголемување на економската и трговска размена, како и намалување на хроничниот дефицит на македонска страна.

Претседателката, исто така, упати на поголема соработка меѓу стопанските комори во Скопје и во Дака, како и на потребата од креирање правна рамка за регулирање на соработката.

Амбасадорката Гази ја релативизираше географската оддалечeност, истакнувајќи ја важноста на почитувањето на суверенитетот, соживот во мултикултурниот амбиент и силната верба во мултилатерализмот во меѓународните односи.

Таа високо ја цени македонската посветеност на мирот, како и нашата проактивна улога во поттикнувањето соработка и стабилност на Балканот, поздравувајќи го ангажманот во НАТО и посакувајќи ни членство во ЕУ.

Сиљановска-Давкова изрази увереност дека со своето богато дипломатско искуство, амбасадорката Гази, ќе даде значаен придонес во интензивирање на соработката, посакувајќи и успешен мандат и ветувајќи нејзина целосна поддршка.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК