Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Филипини

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор во земјава Џовани Енденсија Палек од Република Филипини, со седиште во Атина.

Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на односите и соработката со Филипините како на билатерален, така и на мултилатерален план. Двете држави треба да се фокусираат на интензивирањето на политичкиот дијалог, искористувањето на потенцијалите во економијата и трговијата, развивањето на културните врски и стимулирањето на научно-образовната размена и туризмот.

Нагласувајќи дека живееме во време на предизвици и реални закани за глобалниот мир и за безбедноста, како и тенденција проблемите да се решаваат со употреба на сила, претседателката ја потенцираше неопходноста од активна соработка во рамките на Обединетите нации и другите релевантни меѓународни организации и форуми, во духот на мултилатерализмот.

Оценувајќи ја денешната церемонија како историска, вонредниот и ополномоштен амбасадор Палек акцентираше дека средбата е посебен момент не само за него, туку и за двете земји, бидејќи се преземаат конкретни чекори за воспоставување на поблиски релации.

Тој потенцираше дека иако формалните дипломатски односи се во рана фаза, тие се засновани на заеднички вредности и принципи, почитување на човековите права, владеење на правото и мирно решавање на споровите.

По воспоставувањето на дипломатските односи во 2021 година, амбасадорот Палек е првиот филипински носител на оваа одговорна функција во земјава, со што, заклучи Сиљановска-Давкова, тој станува дел од историјата на македонско-филипинските односи.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК