Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓа значителен пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) утре, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени).

Утре претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст.

Прогноза за 10.07.2025
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 32°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 11.07.2025
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 34°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 12.07.2025
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК