Centar.mk
фото Министерство за здравство
-МАКЕДОНИЈА

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ.

-Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди, која е прва од ваков тип од основањето на клиниката. Клиниката за ТОАРИЛУЦ, предводена од проф.д-р Марија Јовановски Срцева е успешен пример за менаџирање и домаќинско раководење. Со отчетно и транспарентно работење денес имаме резултати кои се мерливи и видливи, рече министерот Алиу.

Тој соопшти дека покрај реконструкцијата на КАРИЛ, обезбедени се двојно повеќе материјали за интервенции, во рамки на постојниот буџет, а од сопствeниот буџет обезбедени се средства и за реконструкција на Клиниката за трауматологија, а  раководството на ТОАРИЛУЦ презема корективни мерки за подобрување на условите како за пациентите, така и за здравствените работници. По повод една година од назначувањето на проф.д-р Срцeва, сакам да и честитам на директорката за посветената работа и заложбите за унапредување на овој исклучително значаен сегмент од терциерната здравствена заштита, истакна министерот Алиу при денешната посета, додавајќи дека пациентите на интензивна нега заслужуваат повисок степен на здравствена нега и услуга.

-Проектот за темелна реконструкција на КАРИЛ е веќе во напредна фаза, а инциран е и проект за реновирање на Ургентниот центар, за кој веќе клиниката е во фаза на аплицирање, со цел Ургентниот центар да добие нов модерен лик по примерот на врвните светски ургентни центри.

Во однос на зајакнување и надополнување на кадарот, во моментов во тек е постапка за вработување на 20 медицински сестри и 4 доктори на медицина, а веќе е завршена постапката за 34 лица од помошно – технички персонал и 8 специјализанти за вработувања, како и специјализации за 40 нови кадри, информираше министерот Алиу.

– Директорката проф.д-р Марија Јовановски Срцева го информираше министерот дека откако ја има преземено функцијата директор на клиниката, се спроведени видливи и суштински промени, паралелно на справувањето со здравствената криза во Кочани каде 86 пациенти беа навремено згрижени, тријажирани и транспортирани кон медицинските центри во странство.

–  R Реализиравме или во фаза на реализација се над 23 проекти и иницијативи за една година. Во рамки на постојниот буџет, двојно ја зголемивме количината на материјали за интервенции кои ги набавуваме, Клиниката денес нема долгови, а со домаќинско работење обезбедивме средства за реновирање на Клиниката за трауматологија каде условите се супстандардни. Воведовме и две нови медицински техники – една за интензивно лекување, друга за оперативна поддршка на ‘рбетниот столб. За првпат после повеќе од 10 години заедно со ФЗОМ договоривме нови зголемени цени и пакети за интензивна нега, посочи директорката проф.д-р Марија Јовановски Срцева.

Директорката на ТОАРИЛУЦ, проф.д-р Марија Јовановски Срцева информираше дека изминатиот период за првпат на клиниката е трансплантирана коска од починат донор кај 13 годишно дете со вродена деформација на прстите, а извршени се и над 10 трансплантации на ортопедија, со иновативни методи кои првпат се применуваат кај нас. Обезбедена е најсовремена „point-of-care“ дијагностика на КАРИЛ, односно најсензитивна молекуларна технологија, веднаш до креветот на пациентот, со цел анализите да се прават таму каде што се најпотребни – со брзина, прецизност и според индивидуалните потреби на секој пациент.

Како резултат на покажаните успеси со раководењето на ТОАРИЛУЦ, министерот Алиу предложи  директорката на ТОАРИЛУЦ проф.д-р Срцева да биде член на Здравствениот совет како советодавно тело на министерот.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК