Centar.mk
РЕГИОН

Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.

На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.

Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.

Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.

Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА И ЦРНА ГОРА ПРЕД МОЖЕН ДОГОВОР – Во фокусот обесштетувањето на поранешните затвореници од Морињ

ДЕСК

ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ ЛЕКАРИ ВО ЦРНА ГОРА – Спорни патувања платени од фармацевтска компанија

ДЕСК

ХРВАТСКИОТ САБОР РАСПРАВА ЗА ЛОВСТВОТО И ЗДРАВСТВОТО – Најавени нови законски решенија

ДЕСК