Centar.mk
РЕГИОН

Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово.

Како што објави српски „Блиц“, околу 5:15 часот наутро на автопатот, упатувајќи се во правец кон Хоргош, возачот на „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, по што возилото се превртело.

Возачот бил тешко повреден и бил пренесен во Општата болница во Суботица, додека сопатникот починал на местото на настанот.

Истрагата ја спроведоа обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.

Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +