Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што претседателот Костадиновски предаде покана за претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.

Амбасадорот Памер истакна дека ќе се заложи за воспоставување на билатерална соработка меѓу двата суда, нагласувајќи дека високо ја цени посветеноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија кој има круцијална улога во обезбедување на владеењето на правото и правната држава.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК

Апсење во Охрид: Државјанин на САД заврши во притвор 30 дена

ДЕСК

Тешка сообраќајка во скопско меѓу ауди и тојота, меѓу тешкоповредените и шестгодишно дете

ДЕСК