Centar.mk
фото ДУИ
МАКЕДОНИЈА

ДУИ тврди дека Владата ја потонува Северна Македонија во проектот на „Српскиот свет“

Соопштение на ДУИ:

Последните настани јасно укажуваат на алармантно отстапување од државниот курс на Северна Македонија кон идеолошки проект кој ја оддалечува земјата од евроатлантските вредности и ја претвора во институционален продолжеток на „Српскиот свет“. Додека Европскиот парламент во својот најнов извештај го изразува загриженоста за продлабочувањето на српското влијание во државните структури и јавниот дискурс на земјата, властите во Скопје, со целосна државна поддршка, организираат одбележување на 111-годишнината од српската окупација на Македонија во Штип, претворајќи еден насилен историски настан во заедничка „свеченост“ со официјален Белград.

Во исто време, амбасадорот на Албанија во Скопје, г. Мејдани, кој интервенираше за да реши конкретен проблем во едно албанско училиште во селото Нерово, општина Крушево, токму таму каде што државата потфрли, стана мета на остар вербален напад од страна на албанските претставници во владата, кои наместо да дадат отчет за нивната неспособност, се впуштија во срамен агресивен напад кон тие кои ја одржуваат институционалната одговорност кон Албанците.

Сето ова е дел од намерно создадена наративa: исклучување на Албанците од државата. Ова веќе не е политика, ова е проект. Проект кој го оспорува Охридскиот договор, ја поткопува соживотот и ја насочува земјата кон етнички дефиниран државен модел, под српско влијание.

ДУИ бара итна реакција од меѓународниот фактор и им упатува апел до сите граѓани кои веруваат во еднаква и европска Македонија, да не останат рамнодушни.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК