Centar.mk
СВЕТ

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации.

Шон Парнел, портпарол на Пентагон, ја даде проценката на брифинг за медиумите, додавајќи дека официјалната проценка е „веројатно поблиску до две години“.

Американските воени бомбардери извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти на 22 јуни, користејќи повеќе од десетина бомби од 13.600 кг за да ги уништат бункерите.

Резултатите од нападите внимателно се следат за да се види колку тие ја вратиле назад нуклеарната програма на Иран, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека таа е уништена.

Во текот на викендот, шефот на нуклеарната агенција на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран би можел да произведува збогатен ураниум во рок од неколку месеци, што предизвика сомнежи за ефикасноста на американските напади во уништувањето на нуклеарната програма на Техеран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +