Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Поради големиот интерес, го прошируваме повикот за субвенции за возачка дозвола

Општина Центар донесе одлука да го прошири опфатот за доделување субвенции за обука и полагање возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес на младите за овој јавен повик.

Со новата одлука, право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите оние родени во 2006 и во 2007 година, за разлика од претходниот повик кој важеше само за родените во 2007 година.

„Нашата цел е да им помогнеме на младите да го поминат процесот на обука и полагање за возачка дозвола, и да ги охрабриме да станат одговорни учесници во сообраќајот. Станува збор за знаење што може да спаси животи нивни и на сите учесници во сообраќајот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи исклучиво за обука во автошколи регистрирани во Општина Центар.

Јавниот повик трае до исцрпување на буџетските средства или најдоцна до 31 декември 2025 година.

Барањата за субвенција се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака бр. 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680, или преку електронска пошта на адресата: elif.idris@centar.gov.mk.

Повеќе информации на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25879

Можеби ќе ве интересира

Известување за воведување на нови светлосни сигнали на крстосница улица„Скупи“ со улица„Љубљанска“

ДЕСК

СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – Свечености, почит за борците и доделување награди

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода – И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

ДЕСК