Centar.mk
СВЕТ

Најстуден 30 јуни во Москва откога почнаа да се мерат температурите

Метеоролозите вчера во Москва го регистрираа најстудениот 30-ти јуни откако се мерат температурите.

„Москва денес сруши рекорд: толку студен 30-ти јуни никогаш не е виден. Во нашиот главен град, последниот ден од јуни беше најстудениот во целата историја на главната метеоролошка станица. Во 15 часот по московско време, термометарот покажа само плус 12,6 степени“, напиша на Телеграм Евгениј Тишковец, висок член на метеоролошкиот центар Фобос.

„Ова ги срушува претходните рекорди од 1962 и 1976 година, кога на 30-ти јуни беа регистрирани плус 14 и плус 14,7 степени“, додаде тој.

Што се однесува до понатамошната временска прогноза за руската престолнина, денес се очекуваат ниски температури, слични на вчерашните. Сепак, утре се очекува затоплување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер остро го критикуваше Нетанјаху

C +

Њујорчани протестираат против израелските воздушни напади врз Либан и Иран

C +

Поранешен амбасадор на САД во НАТО: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

C +