Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.
Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи поради високите температури ќе се зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.
– Лица кои вршат активности на земјоделски површини како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта што е строго забрането со закон и претставува казниво дело.
– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.
– Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112, велат од ресорното министерство.
Советуваат избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време.
„Пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.
МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор
Исто така МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 01.07.2025 година до 31.08. 2025 година ќе биде на снага целосна забрана за движење во шумите.
За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел“./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...