Centar.mk
СВЕТ

Макрон: Повлекувањето на Иран од договорот за нуклеарно оружје би било најлошото сценарио

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека повлекувањето на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, по нападите на САД врз нуклеарните постројки во таа земја, би било „најлошото можно сценарио“.

Тој рече дека во наредните денови ќе разговара со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се обиде да го зачува договорот, пренесува BFM.

„Се надеваме дека ќе има вистинско приближување на ставовите бидејќи целта е да се спречи Техеран да продолжи со своите активности за ширење“, рече Макрон./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: „Иран побара прекин на огнот“; Арагчи: Не побаравме

C +

Зеленски: Нашите пресретнувачи веќе даваат резултати, ја прошируваме воената соработка со Заливот

C +

Си-ен-ен: Трамп може да ја заврши својата војна, а Европа ќе ја плати највисоката цена

C +