Centar.mk
СВЕТ

Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

„Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“, велат од владата.

Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати.

Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана со нуклеарно оружје и балистички ракети.

Израел, исто така, тврди дека му нанел тешки загуби на иранското воено раководство и дека десетици клучни цели на иранската влада биле уништени во нападите.

Според изјавата на последниот ден од операцијата, израелските сили погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баши – милиција што ја користеле иранските власти за задушување на протестите – и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник.

„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминацијата на иранската нуклеарна закана“, се додава.

Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК