8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.

Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.

„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.

Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.

Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.

Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

C +

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

C +

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +