Синоќа беше фрлена граната врз резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел во Тел Авив, но никој не беше повреден, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар.
„Пред кратко време разговарав со норвешкиот амбасадор во Израел, Пер Егил Селваг, во чиј двор вечерва беше фрлена граната. Остро го осудувам ова сериозно и опасно злосторство“, напиша Саар на мрежата Икс.
Израелското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар. Во Осло, норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека имало експлозија во резиденцијата.
„Во инцидентот не се повредени членови на персоналот на амбасадата“, се вели во соопштението, без да се прецизира што ја предизвикало експлозијата. Израелската полиција соопшти дека имало „мала материјална штета“ и дека е во тек истрага./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...