7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански ракетни напади, јавува Си-ен-ен.

Дописник на Си-ен-ен во Ерусалим пронајде војници и спасувачи како пребаруваат низ урнатините на место за кое се верува дека е погодено од четири балистички ракети.

Една од станбените згради делумно се урна, а остатоците беа расфрлани неколку блока подалеку. Најмалку 10 лица беа однесени во болница.

„Го почувствував ударот додека бев во подрумот“, рече една жена. „Излеговме многу бавно бидејќи бевме исплашени. Зградата се уриваше додека одевме.“ Таа додаде дека сè било обвиткано во чад: „Морав да го покријам носот со кошулата, одејќи по улицата за да не го вдишуваме.“

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда утрово објави дека нападот користел нови методи за кои велат дека можеле да ги збунат повеќеслојните одбранбени системи на Израел и меѓусебно да делуваат. „И покрај поддршката од САД и Западот и најсовремената одбранбена технологија, успеавме прецизно да погодиме цели на окупираните територии“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Најголема мобилизација на Националната гарда во градовите на САД во историјата

C +

(Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“

C +

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да нè заплаши

C +