Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел го евакуираше својот најголем аеродром откако Иран лансираше дронови

Израел денес го евакуираше Меѓународниот аеродром Бен Гурион откако Иран возврати со напади со беспилотни летала.

Израелското воено радио објави дека празните патнички авиони се пренасочуваат кон други аеродроми. Израелскиот Канал 12 објави дека јавноста е замолена да се држи подалеку од аеродромот – најголемиот во земјата – до понатамошно известување.

Синоќа, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран како дел од операцијата „Rising Lion“. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување на ураниум во Натанц.

МААЕ потврди дека Натанц е меѓу нападнатите локации и дека е во контакт со иранските власти за следење на нивоата на зрачење./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во ЕУ: крај на печатите, објавен е датумот кога ќе започне примената

C +

По земјотресот, еруптираше и вулкан на Камчатка

C +

Песков за санкциите на Трамп: Русија веќе разви имунитет

C +