Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации за имиграција, и рече дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.
„Оваа анархија нема да продолжи. Нема да дозволиме федерални агенти да бидат нападнати, нема да дозволиме странски непријатели да нападнат и окупираат американски град“, рече американскиот претседател во говорот во воената база Форт Браг во Северна Каролина.
„Она што го гледате во Калифорнија е широко распространет напад врз мирот, јавниот ред и националниот суверенитет, предводен од бунтовници кои веат странски знамиња и имаат намера да поттикнат странска инвазија на нашата земја“, им рече Трамп на илјадници војници и цивили.
Во остро формулиран говор во една од најголемите воени бази во земјата, републиканскиот милијардер ги нарече демонстрантите „животни“.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, и поранешниот претседател Џо Бајден, двајцата демократи, беа исвиркувани.
Трамп распореди 4.000 членови на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес, пркосејќи им на властите во Калифорнија кои рекоа дека ситуацијата е под контрола. Њусом ги опиша постапките на Трамп како „диктаторски“./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...