Centar.mk
СВЕТ

Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидики

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.

Сè се случило во градот Сивири на Халкидики, популарно одморалиште кај туристите од регионот.

Таа беше извлечена од морето во среда попладне.

Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што беше констатирана смрт.

Вториот оддел на Пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК