Патувањето е едно од ретките искуства што нè збогатува на секој можен начин. Но, за да помине сè како што треба – без стрес, непотребни трошоци или непланирани паузи – важно е да се подготвиме паметно. Овие неколку совети се резултат на различни искуства и ќе ви помогнат да извлечете максимум од секое патување.
- Проверете важност на пасошот – навреме
Изненадувачки често луѓето проверуваат дури неколку дена пред поаѓање и откриваат дека документот им истекол. За многу земји важи правилото за минимум 6 месеци важност од денот на патувањето.
- Копија од документите
Сликајте или скенирајте ги пасошот, личната карта и резервациите и зачувајте ги на телефонот или испратете си ги на мејл. Ако останете без документи, ова може да ви заштеди време и нерви.
- Избегнувајте да носите многу кеш
Повеќето европски метрополи, па дури и помали места, сè почесто функционираат без готовина. За лична сигурност и поголема флексибилност, доволно е да понесете мала сума во кеш и барем една картичка.
- Изберете картичка што работи за вас – не против вас
При патување, важно е да имате картичка што не само што функционира насекаде, туку и нуди практични решенија кога нешто ќе тргне наопаку. Visa Travel кредитната картичка од Халкбанк е токму таква, нуди кредитен лимит до 300.000 денари, пристап до средства 24/7 на банкомати и ПОС терминали дома и во странство, минимална месечна отплата од 3% и можност за повторно користење на лимитот, но и вклучено патничко осигурување со важност од 10 дена, како и патна асистенција низ цела Европа која важи без разлика во кое возило се наоѓате. Со неа можете да плаќате на рати без камата кај над 800 партнери на банката, да добивате известувања за секоја трансакција преку емаил или СМС, и да плаќате бесконтактно и безбедно – како online, така и на терен.
- Имајте резервен план
Не мора да го планирате детално секој час од патувањето, но секогаш имајте план Б, како што се алтернативен лет, резервен хотел, или друга дестинација во близина ако нешто не оди како што треба. Флексибилноста е тајната на опуштеното патување.
- Спакувајте се разумно
Повеќето патници носат многу повеќе отколку што им треба. Направете листа, одберете парчиња облека што се комбинираат меѓусебно и оставете простор во куферот за нешто што ќе купите таму. Патувањето е полесно кога не влечете товар.
- Исклучете се – барем повремено
Фотографиите, мапите и мејловите се корисни, но обидете се барем дел од денот да го поминете без телефон. Да се изгубите по улички, да прашате локалец или да го гледате градот со сопствени очи – тоа се моментите што најдолго се паметат.
Најдобрите патувања се оние на кои што сте подготвени – но не преоптоварени. Со малку организација и паметни избори, како вистинската картичка во паричникот, целото искуство може да биде вистински незаборавно.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...