Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на раководствата на полициите од Скопје и Сараево

На 03.06.2025 раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица.

На средбата беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови. Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници.

На средбата од страна на двете делегации беше потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК