23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација / аи
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Пеколот во Пулс го откри вистинскoтo лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

Соопштение на СДСМ:

Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени.

Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции.

Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта.

Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани?

Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници?

Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива.

Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади?

Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ?

И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив.

И покрај сомневањата за фалсификати во акциската документација и неговото присуство во критичната ноќ, обвинение нема. Дали затоа што е во блиска врска со Орце Тодоровски – Ефто, еден од најблиските луѓе до Мицкоски?

Во истрагата се опфатени обични полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката, но не и оние кои имале службена обврска да проверат сопственост и правен статус на објектот.

Селективната правда е неправда.

Родителите, семејствата и цела Македонија заслужуваат одговори, а не молк и заштита на виновниците.

Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и конечно да спроведе независна, професионална истрага.

СДСМ нема да молчи. Нема да запреме. „Вистината за Кочани“ излезе на виделина. Одоговорност мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК