Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што го погоди островот Родос во Грција и крајбрежниот град Мармарис во Турција во текот на ноќта ги преплавија социјалните мрежи.
Сцени на паника, вресоци и луѓе што буквално скокаат од прозорци за да се спасат – сведочат за обемот на ужасот што го погоди регионот.
Земјотрес со јачина помеѓу 5,8 степени според Рихтеровата скала, според различни извештаи, се случил околу 00:30 часот во близина на Родос, а вториот земјотрес во Мармарис во 02:17 часот.
Епицентарот бил во морето, на длабочина од околу 68 километри. Земјотресите биле почувствувани во делови од Грција, Турција, Египет, Сирија и неколку други земји во регионот.
Според официјалните информации, четиринаесетгодишно девојче, Афранур Гинли, починало во болница по напад на паника предизвикан од земјотресот. Иако лекарите се обиделе со сè, девојчето не преживеало. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, ја потврди смртта на девојчето и додаде дека 69 лица се повредени – повеќето од нив кога панично бегале од згради, скокајќи низ прозорци или од балкони.
Во покраината Мугла, каде што се наоѓа Мармарис, според првите проценки, не е регистрирана значителна материјална штета. Министерот за градежништво Мурат Курум изјави дека „ниту една станбена зграда не е уништена“, но дека проценката на теренот сè уште се врши.
Додека многу локални жители, како и туристи, беа зафатени во сон и целосно неподготвени за такво сценарио, службите за итни случаи реагираа брзо. Луѓето бегаа од хотелите, хостелите и куќите во паника, некои боси и полуголи. На Родос, туристите добија итна порака од туристичките агенции, вклучувајќи го и TUI, во која им се наложува да останат смирени и да ги следат упатствата на локалните власти.
Директорот на Центарот за географски информациски системи на Универзитетот Мугла, Чејхун Узчелик, изјави дека „не се очекува значително цунами“, но предупреди дека граѓаните треба да се држат подалеку од брегот најмалку еден час по земјотресот и сериозно да ги сфатат упатствата на властите.
Во Мармарис, Фетхие и Бодрум – популарни туристички дестинации во Мугла кои минатата година беа домаќини на дури 3,7 милиони странски туристи, сега постои неизвесност и загриженост, според светските агенции.
Сè уште се очекуваат потреси, а експертите апелираат до сите граѓани и посетители да останат претпазливи./Извор:Makfax
⚠️ Earthquake Alert: Turkey 🇹🇷
At least 69 people injured after jumping out of buildings in panic during a 5.9–6.0 magnitude earthquake off Marmaris, Turkey — governor confirms.Quake struck at 2:17 AM, ~26 km south of the city.
Stay safe, Türkiye. 🇹🇷#Earthquake #Marmaris… pic.twitter.com/Qqiz5R2QGB— The Curious Quill (@PleasingRj) June 3, 2025
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...