Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил во дрво

Како што соопшти полицијата На 02.06.2025 во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип лишија од слобода лице од Пробиштип. Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво.

Од МВР додаваат дека преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, вели полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК