Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата и возилото се одземени

На 01.06.2025 околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во с.Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (26), а сопатник во возилото бил А.И.(25), двајцата од с.Блаце, скопско. При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација, соопшти МВР.

А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК