Centar.mk
НАУКА

Астрономите открија необичен вселенски објект, кој пулсира на секои 44 минути

Астрономите открија мистериозен објект на 15.000 светлосни години оддалеченост, кој редовно емитува двоминутни импулси на секои 44 минути, во радио бранови и рендгенски зраци.

Објектот е именуван ASKAP J1832–0911, по австралискиот радиотелескоп ASKAP кој прв го детектирал. Неговата необична емисија сигнализира можен влез во сосема нова класа на космички феномени познати како долгопериодични радио транзиенти (LPT – long-period transients).

Научниците од австралискиот универзитет Куртин, кои предводеа меѓународен тим, објаснија дека сигналот од објектот бил детектиран во исто време и од рендгенскиот телескоп Чандра на НАСА. Оваа случајна синхронизација го овозможила првиот двоен (радио + рендгенски) поглед на феноменот LPT.

„Беше како да се најде игла во пласт сено“, рече Зитенг „Енди“ Ванг, астроном во Куртин и главен автор на студијата објавена во списанието Nature.

LPT за прв пат беа откриени во 2022 година. За разлика од пулсарите, кои ротираат неверојатно брзо и испраќаат импулси на секои неколку милисекунди, LPT испраќаат бавни и ретки импулси во редовни интервали кои се движат од минути до часови.

ASKAP J1832–0911, со циклус од 44 минути, е меѓу најбавните досега откриени LPT и првиот чиј сигнал е детектиран во спектарот на Х-зраци. Ова дополнително го комплицира идентификувањето на изворот.

„Овој објект е различен од сè што сме виделе досега“, рече Ванг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

25,5 МИЛИОНИ МОЗОЧНИ КЛЕТКИ ПОД ЛУПА – Научниците направија огромна мапа на мозокот

ДЕСК

ОЗОНСКАТА ДУПКА МЕЃУ СЕДУМТЕ НАЈГОЛЕМИ ДОСЕГА – НАСА ги објави податоците за 2026 година

ДЕСК

ПО РЕЧИСИ 22 ГОДИНИ ЗАВРШИ МИСИЈАТА „SWIFT“ – Сателитот на НАСА повторно влезе во атмосферата

ДЕСК