Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата нема намера да оди кон ЕУ, туку кон држави кои се недемократски, смета Пендаровски

Оваа влада нема никаква намера да менува Устав, да ги става Бугарите или да оди кон Европа, тоа, внесот на Бугарите во Устав е единствен услов, порача екс претседателот Стево Пендаровски во интервју за Дојче Веле.

Според него, Владата предводена од Мицкоски се доближува до држави кои не се демократски или важат за „црна овца во ЕУ“

„Нашата влада, не случајно, бира една од 27 земји-членки на ЕУ, веројатно ќе следат и други две, која ја именува како стратешки економски партнер. Тоа е Унгарија. Можете да замислите какви се реалните амбиции за европско интегрирање на оваа влада кога имаме изјава дека од Орбан може многу да се научи. Тоа е човекот кој го измисли терминот „илиберална демократија“, се фали со тоа, и се дружи со слични на него во светот. И ние сега од тој човек ќе учиме?! Зошто ние не се обидеме да направиме стратешко партнерство со Германија? Еве Германија сега има конзервативна влада. Во ЕПП се заедно (со ВМРО-ДПМНЕ, н.з.). Значи намерата е да одиме кон држави, Трамп, кои се со антиевропски ставови, и кон држави во ЕУ кои се „црна овца“. Унгарија е држава од која ние треба да научиме многу, а за која започнува процедура за да и се одземе правото на глас во ЕУ. Што ќе научиме ние од нив?“ порача Пендаровски.

error: Соддржината е заштитена.