Centar.mk
СВЕТ

Тројца загинати, над 50 повредени во пожар во болница во Хамбург

Три лица загинаа во пожарот што избувна синоќа во болницата „Мариенкранкенхаус“ во Хамбург, објавија германските медиуми.

Пожарот избувнал кратко пред полноќ. Повеќе од 50 лица беа повредени, од кои двајца со повреди опасни по живот. Меѓу повредените нема деца. Огнот беше изгаснат рано утрово, а спасувачката акција беше завршена.

Според портпаролот, пожарот избувнал на приземјето од клиниката, во оддел специјализиран за нега на постари пациенти.

Според противпожарната служба, една болничка соба била целосно зафатена од пожар.

Пламените јазици се прошириле на првиот кат, но густ чад имало на сите четири ката од болницата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

C +

Брод со мигранти бегаше од турската крајбрежна стража, па потона: најмалку 18 мртви

C +

„ОАЕ сакаат да го отворат Ормускиот теснец, се подготвуваат за војна“, објави „Волстрит журнал“

C +