Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се срушија два моста во Русија – 7 загинати, десетици повредени

Два моста се урнаа во Русија во текот на ноќта, при што седум лица загинаа, а десетици се повредени.

Во регионот Брјанск, воз излета од шините откако врз него падна мост. Загинаа возачот и уште шест лица, а повредени се околу 70 лица.

Руските железници првично објавија дека уривањето на мостот во Брјанск е резултат на „нелегално мешање во работењето на транспортот“, но објавата подоцна беше отстранета.

Гувернерот на Брјанск, Александар Богомаз, на Телеграм изјави дека 47 лица се хоспитализирани.

„Меѓу повредените има три деца, а едно е во сериозна состојба“, рече тој.

Подоцна, мост се сруши во рускиот Курскиoт регион додека товарен воз минувал преку него. Во овој инцидент, повреден е еден од машиновозачите.

Андреј Клишас, висок член на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, изјави во апликацијата за пораки Телеграм дека инцидентот во Брјанск покажува дека „Украина одамна ги изгубила атрибутите на држава и се претворила во терористичка енклава“.

Засега од Украина нема коментар.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Москва и Киев да работат заедно на договор за ставање крај на војната, а Русија предложи втора рунда разговори лице в лице со украинските претставници во Истанбул во понеделник.

Украина не се обврза да присуствува на разговорите, велејќи дека прво треба да ги види предлозите на Русија, додека еден водечки американски сенатор ја предупреди Москва дека ќе биде „силно погодена“ од новите санкции на САД./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.