14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Политиките на Владата се колосално промашување, Македонија е далеку од Договор за стратешко партнерство со Велика Британија

Поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за Дојче Веле вели дека Македонија е далеку од Договор за стратешко партнерство со Велика Британија и дека таков договор не е потпишан.

„Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство. Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија. Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор после овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон. Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“ вели тој.

Пендаровски се осврна и на други аспекти на надворешната политика како приближувањето кон Трамп и Орбан, кои ги смета како колосално промашување.

„Единствена работа која „ја добивме” од Трамп, бидејќи тоа не е добра добивка, не е добра вест за нашиот народ, добивме царини како и сите други и немавме никакво исклучување од тарифниот систем на американскиот претседател. Јас тоа и тогаш и сега го нарекувам колосално аматерско промашување или погрешна проценка кога ги бирате вашите нови, надворешно политички приоритети. Зошто? Вие морате да процените каков профил е новиот американски претседател. По сите проценки- трансакционен, кого го интересираат пари и ресурси од различен тип. На пример, минералите во Украина. Што можеме ние да му понудиме на таков политичар? Апсолутно ништо“ порача Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +