Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Гледаме голема некапацитетност на водење на Владата и институциите

Коментирајќи ја првата година од мандатот на Владата, Стево Пендаровски во интервју за Дојче Веле вели дека бил непријатно изненаден од некапацитетноста во водењето институции.

„Не верував дека ќе бидат толку некапацитетни и дека ќе има такво катастрофално менаџирање внатре во владата. Практично имате премиер кој ги супституира сите 15-20 ресори во владата, а другите се само фигури. Имате ситуации, како спогодбата со Британија за финансиско задолжување која ја потпишува министерот за транспорт, а не министерката за финансии.
Некои потези мене ме збунија, на пример ставате потполно неквалификувани лица во витални државни органи како Агенцијата за национална безбедност. Човек што не може да обезбеди сертификат дека познава англиски јазик и морал да фалсификува диплома, токму од Бугарија. Имате премиер кој јавно му се заканува на јавниот обвинител да си поднесе оставка. Или прави класичен политички упад преку интерпелација за членови на Судски совет кои се бирани во Собрание, затоа што биле бирани од претходното политичко мнозинство. Во превод, сака да каже: сакаме нашево политичко мнозинство да каже кој ќе биде таму, а тие ги оценуваат судиите и нивната работа“ вели Пендаровски.

Тој смета дека за разлика од претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ и претходните партиски раководства, актуелната постава практично нема никаква цел во ниту еден област.

„Знаејќи го во историска смисла тоа ВМРО-ДПМНЕ, од 1990 до денес, и особено владеењето на Никола Груевски, кога тоа беше поприлично стегната машинерија за автократско владеење, овие се далеку од тој профил на менаџмент… лутаат, и она што ме зачудува: во ниту една клучна област, и во надворешната политика, немаат цел.

Која е нивната цел? Кој е супстратот на политиката која ја водат? Така и со унгарскиот кредит. Која беше целта да земеме една милијарда и отпосле да кажуваат: ајде сега дојдете на шалтер и аплицирајте, општини и бизнис заедница давајте проекти. Тој кредит досега, а и понатаму, ќе се сведува на изградба на детски градинки и пет метри асфалт. Не само што не се стратешки инвестиции, туку тие се небитни инвестиции. Можеби за тие луѓе што живеат таму… за државата во целина, тие не можат да го повлечат нејзиниот БДП напред“ заклучи Пендаровски.

error: Соддржината е заштитена.