Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за трагичната несреќа со смртни последици која ја погоди Македонија – Млада жена загина, шестмина се повредени

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот.

Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње.

Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени – возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК