Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, ни Господ нема да му помогне

Залудно е што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитира Библијата кога дома ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, ја задолжија државата и ја одзема иднината на младите и нивната можност за прогрес, порача вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината со социјалдемократската младина во Струмица.

„Откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, откако направија цените да растат без контрола да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, откако платите немаат абер да растат, откако во земјоделството се намалија субвенциите и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, откако нè задолжија со седум милијарди евра и откако направија сè да си го постават системот така, да тие седум милијарди евра си ги добијат однапред договорени странски компании, на коишто подизведувачи ќе им бидат само ВМРО ДПМНЕ -вчера го слушам премиерот на собир во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни господ нема да му помогне“, рече Филипче во Струмица.

Филипе пред младината зборуваше за целокупните погрешни политики на оваа влада меѓу кои и задолжувањето кое ќе остане на терет на младите генерации. Тој се осврна и на скршувањето од европската агенда и потребата за враќање на Македонија онаму каде што заслужува да биде, а тоа е во европското семејство на народите.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК